Ковид-19: Во светот оздравени над 90 милиони луѓе

фото epa

Бројот на луѓе оздравени од коронавирус во светот надмина 90 милиони, односно 90.218,000 лица

Според податоците на веб-страницата „Ворлдметерес”, четирите земји со најмногу случаи на инфекција со коронавирус, исто така, забележале најголем број на оздравени пациенти.

Во САД оздравеле 19.632,523 лица, во Индија 10.775,169, во Бразил 9.386,440 и во Русија 3.811,797. Следува Велика Британија со 2.846,208, Шпанија 2.647,446, Турција 2.565,723, Италија 2.398,352, Германија 2.248,400 и Колумбија со 2.145,450 закрепнати.

Во светот има 21.914.,10 случаи на инфекција со коронавирус. Досега 114.453,166 лица биле заразени со коронавирус, додека од Ковид-19 починале 2.538,838 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот