Ковид-19 во светот низ бројки: Заболени над 31 милион лица, 22 милиона оздравени и речиси милион починати

Ковид амбуланта во Словенија/ Фото: ЕПА

Бројот на заболени лица со Ковид-19 во светот, според интернет-страницата „Ворлдометер“ (Worldometer), надмина 31 милион. Најпогодени од пандемијата се САД каде има речиси седум милиони заразени, а над 200.000 починаа досега.

На второ место е Индија, каде се разболеле 5,4 милиони луѓе, а бројот на заразени секој ден се зголемува за речиси 100.000. Во Бразил, пак, кој е на третото место по бројот на заразени, се разболеле над 4,5 милиони луѓе, а во Русија повеќе од еден милион.

Коронавирусот во Европа е потврден кај повеќе од 4,4 милиони луѓе, а по Русија следуваат Шпанија со 659.334 случаи и Франција со 442.194.

Според „Ворлдометер“, во светот досега се заразени 31.002.576 лица, починале 961.612 луѓе, 22.610.880 се излекувани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот