Ковид-19 во светот: Над 48 милиони позитивни случаи, помалку од два отсто во критична состојба

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Во светот досега се заразени над 48 милиони луѓе со коронавирус или поточно 48.132.494 милиони случаи, објавено е денеска на веб-страницата на „Ворлдметерс“.

Според податоците на оваа страница, од ковид-19 починале вкупно 1.224.563 милиони лица, а 34.501.985 милиони лица се излекувале. Од вкупниот број моментално болни, два процента или 88.613 е во критична состојба.

Најголем број заразени има во САД, Индија и Бразил, додека повеќе од милион случаи се регистрирани во Русија, во Франција, во Шпанија, во Аргентина, во Колумбија и во Велика Британија.

Според бројот на смртни случаи, на прво место се и Соединетите Американски Држави, а по нив следуваат Бразил и Индија.

Во Европа, најмногу заразени има во Русија и Франција, а во регионот Романија е сè уште на првото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот