Ковид-19 во светот: Индија го потисна Бразил по бројот на позитивни случаи, САД се лидери

Фото: EPA-EFE/STR

Индија го мина Бразил по бројот на заразени со коронавирус во ппоследното деноноќие и сега е на второто место во светот по бројот на заболени лица со Ковид-19, по САД, јавија светските агенции.

Според најновите податоци на индиското Министерство за здравство, до овој момент во земјата се регистрирани 4.200.000 милиони инфицирани лица или 80.000 повеќе од Бразил, додека САД се лидери со 6.250.000 милиони позитивни лица.

Бројот, пак, на починати од Ковид-19 во Индија е 71.642 што е помалку во споредба со Бразил и со САД. Многу експерти забележуваат дека Индија не тестира доволно луѓе и дека реалните бројки можеби се многу повисоки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот