Ковид-19 во светот: Досега пријавени преку 29 милиони заболени лица, над 21 милион оздравени и речиси еден милион починати

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Досега во светот, според последните податоци, се заразени вкупно 29.528.057 милиони лица со коронавирус, 934.230 пациенти починаа, а 21.349.379 милиони се оздравени.

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 151 новозаразено лице со Ковид-19 и три смртни случаи. Во земјата моментно има 2.107 активни случаи. Од почетокот на епидемијата во февруари, во Хрватска се евидентирани вкупно 13.749 лица заразени со вирусот од кои 230 починаа, а 11.412 се оздравени.

Холандија има најголем број на заболени од коронавирус за еден ден, дури 1.379, соопштија денеска здравствените власти во земјата. Бројот на нови случаи е во постојан раст од минатата недела, кога беа регистрирани 9,19 проценти повеќе отколку во првата недела од септември, покажуваат податоците на холандскиот Институт за јавно здравје.

Во Русија се регистрирани 5.529 новозаболени лица, што е максимален број на пациенти за еден ден од 27 јули, соопшти Кризниот центар. Во изминатото деноноќие во земјата починале 150 лица, што е речиси тројно повеќе во однос на вчераниот ден, пренесе агенцијата Тасс.

Во Словенија, во последните 24 часа, се регистрирани 82 нови случаја на коронавирус од 2.247 тестови. Од почетокот на пандемијата, заразени се над 3.800 лица додека бројот на починати е 135.

Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина се забележани 292 позитивни случаја на коронавирус и девет починати пациенти. Заклучно со денеска, вкупниот број на смртни случаи во земјата е 426.

Во последните 24 часа се потврдени уште 74 случаи на Ковид-19 во Србија, додека две лица починаа, со што вкупниот број на жртви на коронавирусот достигна 735, се наведува на интернет-страницата covid-19.rs.

Во Косово во изминатите 24 часа почина едно лице умрело, 71 се новозаболени и 199 се излекувани од Ковид-19. Вклучувајќи ги и најновите официјални статистички податоци, од почетокот на епидемијата досега имало 601 жртва на пандемија и 14.763 заразени во земјата.

Албанија за последните 24 часа пријави 152 новозаболени со Ковид-19, закрепнале 53 пациенти, а две лица ја загубиле битката со болеста.

Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, поточно 310, а три лица починаа. Бројот на заразени, од почетокот на епидемијата се зголеми на 13.730 лица, а на починати на 313 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот