Ковид-19 во светот: 862.786 починати и вкупно 18.261.000 оздравени пациенти

Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 25.993.049. Од нив починале 862.786, а оздравеле 18.261.000 луѓе.

Во Германија денеска се регистрирани 1.256 нови случаи на коронавирус, објави Институтот Роберт Кох (РКИ). Според податоците на Институтот, уште 11 лица починале во последните 24 часа како резултат на инфекција со Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата досега во Германија се заразени вкупно 244.855 лица, а умреле 9.313 лица.

Бројот на новоинфицирани со коронавирус во Јужна Кореја денеска се зголеми за 267, што е 20-ти ден по ред на трицифрен број на заразени. Корејскиот центар за контрола и превенција на болести објави дека вкупниот број на лица заразени со Ковид-19 е 20.449, додека 326 лица умреле од вирусот.

Во последните 24 часа, во Индија се потврдени 78.357 нови случаи на коронавирус, што е блиску до минатонеделниот рекорден дневен број на нови инфекции кога беа регистрирани 78.761 нови случаи.

Како резултат на овие бројки, вкупниот број на заразени лица во Индија сега изнесува повеќе од 3,7 милиони, пренесуваат американските меидуми.

Во изминатиот ден се евидентирани и 1.045 смртни случаи, па вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 66.333.

Според официјаните податоци на здравствените власти во Косово, во изминатите 24 часа починале шест лица заразени од Ковид-19, така што бројот на жртви на епидемијата се зголеми на 539. Во истиот период се евидентирани и 112 новозаразени, со што вкупната бројка на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата достигна до 13.713. Вклучително вчерашните 131 излекувани, бројот на лица кои ја совладале болеста изнесува 9.923, додека активни носители на вирусот моментално се 3.250 лица.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 233 нови случаи на Ковид-19, а починаа уште две лица. Од почетокот на епидемијата, во земјата се регистрирани 273 смртни случаи и 10.757 заразени лица.

Министерството за здравство на Кипар соопшти за пет нови случаи на Ковид-19 од направени 2.643 тестови во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.495 лица.

Во Бугарија во послендите 24 часа умреле 13 лица со Ковид-19се дознава од евиденцијата на Единствениот информативен портал.Вкупниот број на смртни случаи во земјата е 642. Новодијагностицирани со коронавирус се 188 лица,а вкупниот број на регистрирани инфекции досега е 16.454.

Во последното деноноќие во Албанија се регистрирани 122 новодијагностицирани со Ковид-19, од направените 856 тестови. Истовремено е забележана висока бројка на оздравени или 141, додека починале шест пациени, кои болнички се лекувале. Од почетокот на пандемијата досега се направени 64.505 тестови, позитивни биле 9.728, закрепнале 5.582, умреле 296, додека активни на болеста се 3.850 лица.

Во последните 24 часа, во Хрватска се евидентирани 311 нови случаи на коронавирус и четворица умрени пациенти од последици на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата во оваа земја се регистрирани 10.725 случаи.

Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 4.852 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени е 1.005.000, јави Тасс. Пријавени се и 115 смртни случаи, што е помалку од претходниот ден, кога 123 пациенти умреа како последица на Ковид-19″, соопшти кризниот штаб. Во земјата од Ковид-19 досега умреле вкупно 17.414 лица.

Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека во таа земја во последните 24 часа биле регистрирани 6.476 нови случаи на Ковид-19 и 827 смртни случаи. Вкупниот број на потврдени случаи досега е 606.036, со 65.241 смртни случаи, со што оваа земја се најде на четвртата позиција на најзагрозени земји во Латинска Америка, по Бразил, Перу и Колумбија, пренесе Си-Ен-Ен.

Во последните 24 часа во САД се регистрирани 43.253 нови случаи и 1.067 умрени пациенти. Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс од Вашингтон, досега се потврдени вкупно 6.075.384 случаи на заразени со Ковид-19″ и 184.686 смртни случаи.

Во Украина во последните 24 часа се регистрирани 2.495 нови случаи на инфицирани со коронавирус. Поради тоа, властите воведоа привремена забрана за влез на странски државјани во земјата, која ќе важи до 28 септември, објави лондонски Гардијан.

Владата во Киев донесе одлука за продолжување на вонредната состојба до крајот на октомври, со цел да се спречи ширењето на инфекцијата. Досега во Украина се регистрирани 125.798 случаи на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот