Ковид-19 во српска градинка: Заразена е вработена задолжена за прием на децата

Фото: Архива на Слободен печат

Откриено е дека таа била заразена во понеделникот додека била на работа.

Кај една од вработените во градинката „Мила Диманиќ“, во Србија, Властотинце, потврден е Ковид-19, пишуваат повеќе српски медиуми. Вработената е медицинска сестра на превентива и таа во понеделникот била задолжена за прием на децата.

Според информации на српските медиуми, заразената вработена во градинката во Власотинце немала никакви симптоми на новиот вирус.

Откриено е дека таа била заразена во понеделникот додека била на работа, кога од Здравствениот дом пристигнале резултатите од тестирањето на сите вработени во оваа предучилишна администрација, а брисевите се однесени од нив минатата недела.

„Вработените беа тестирани како претпазливост. Ниту еден од вработените во градинката не работеше во ковидските болници, но бидејќи вирусот корона во Власотинце се појави дури неодамна, кога бројот на пациенти почна да се намалува насекаде, директорот на градинката донесе одлука да ги тестира сите вработени. Поради некоја причина, резултатите од тестовите беа препратени од Здравствениот дом во понеделник, а потоа се дозна дека е заразена медицинска сестра во тријажа, а таа веќе имала контакт со децата“, вели извор близок до Училишната администрација во Лесковац за Телеграф.рс.

Овој извор додава и дека во градинката во понеделникот имало околу 23 деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот