Во последните 24 часа, според официјални информации, се евидентирани нови 15 смртни случаи како последица на ковид-19, па вкупниот број на починати пациенти во земјата од почетокот на пандемијата изнесува 4.366, е објавено на интернет страницата на Министерството за здравство.
Во изминатото деноноќие се направени 15.000 тестови од кои 3.257 со позитивен наод, пренесува ТВ Н1.
Во ковид-центрите и болниците ширум земјата се хоспитализирани вкупно 3.727 лица од кои 157 се приклучени на респиратори.
Од почетокот на пандемијата, па досега, Србија пријави вкупно 442.853 инфекции на ковид-19, а процентот на смртност е 0,99. До денеска во 15 часот, во земјата се тестирани вкупно 2.873.176 милиони лица.