Ковид-19 во Словенија: Починаа 25 луѓе, 1.342 новозаболени во последните 24 часа

Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Во Словенија, денеска се потврдени 1.342 нови случаи на коронавирус од направени 4.807 тестови, а 25 лица починаа, објави словенечката Влада.

Со тоа, вкупниот број на потврдени инфекции во земјата се зголеми на 35.649 од почетокот на епидемијата, од кои 22.501 случаи се активни.

Бројот на хоспитализирани пациенти се зголеми на 821, наспроти 779 од претходниот ден, а бројот на лица на интензивна нега се зголеми од 122 на 131, пренесува агенцијата Хина.

Според словенечкото Министерство за здравство, 357 лица досега починаа како резултат на ковид-19.

Од починатите, 70 проценти се жители на домови за стари лица, каде состојбата е многу тешка во сегашниот, втор бран на епидемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот