Ковид-19 во Словенија: Нови 189 носители на вирусот, тројца починати и недостиг од 100-ина болнички кревети

Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Словенија денеска пријави двојно повеќе нови случаи на ковид-19 за разлика од вчерашниот ден, а поради зголемениот број на хоспитализации се јавува потреба од стотици кревети во болниците, објавија тамошните власти.

Во последните 24 часа се регистрирани уште 189 носители на вирусот или 115 повеќе од вчера додека тројца пациенти починаа. Од почетокот на пандемијата во земјата се регистрирани 6.764 инфицирани со ковид-19 и 159 смртни случаи.

Поради зголемување на стапката на зараза и растот на бројот на заболени, словенечката влада најави нови рестриктивни мерки и зголемување на болничките капацитети. Меѓу мерките што се разгледуваат е ограничување на работата на угостителските објекти, на трговските ланци и намалување на бројот на лица кои може да се соберат на едно место на најмногу 10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот