Ковид-19: Во Милано прва биолошка банка за лекување и вакцина

EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Миланскиот универзитет и болницата „Фатебенефратели Сако” започнаа проект наречен „Биолошка банка”, кој опфаќа собирање и складирање на сите биолошки примероци, крв и ткиво, кои се поврзани со коронавирусот, што претставува можност за студирање и развој на стратегија за дијагностика и терапија, вклучително и вакцина.

Банката БПМ донираше 800.000 евра за отворање на лабораторијата и за зголемување на течниот кислород за болницата Сако, пренесува АНСА.

Планирана е изградба на простор за земање мостри, дел за Биобанка од околу 170 квадратни метри, каде ќе се чуваат до 18 криогени садови, просторија за замрзнување каде ќе се чува материјал, дел со технолошки средства за Биобанка, како и дел за чување на азот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот