Ковид-19 во Македонија за последните 24 часа: Нови 104 случаи, починаа 13 пациенти, оздравеа 539

германија ковид
Ковид-19 / Фото: МИА

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа се направени 918 тестирања, а регистрирани се 104 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 53, во Куманово – 8, во Штип – 2, во Прилеп – 13, во Тетово – 3, во Струга – 1, во Битола – 1, во Кавадарци – 2, во Гостивар – 1, во Гевгелија – 1, во Крива Паланка – 4, во Радовиш – 1, во Крушево – 2, во Кочани – 6, во Виница – 3, во Свети Николе – 1 и во Неготино – 2.

Денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира 539 оздравени пациенти од Скопје – 283, од Куманово – 18, од Штип – 3, од Прилеп – 36, од Тетово – 7, од Струга – 31, од Велес – 7, од Битола – 17, од Охрид – 50, од Кавадарци – 25, од Гостивар – 9, од Гевгелија – 6, од Струмица – 6, од Крива Паланка – 3, од Кочани – 10, од Пробиштип – 2, од Берово – 4, од Валандово – 2, од Кратово – 2, од Свети Николе – 2, од Кичево – 5 и од Неготино – 11.

Починаа 13 пациенти – четворица од Скопје (78 год., 66 год., 71 год. и 68 год.), четворица од Прилеп (80 год., 57 год., 80 год. и 50 год.), еден од Велес (74 год.), еден од Охрид (67 год.), еден од Кавадарци (62 год.), еден од Пробиштип (72 год.) и еден од Неготино (78 год.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.597, бројката на оздравени пациенти е 67.992, на починати е 2.635, а бројот на активни случаи изнесува 15.970. Дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје – 37.515, активни – 9.794
  • Куманово – 4.890, активни – 466
  • Дебар – 683, активни – 136
  • Штип – 3.382, активни – 183
  • Прилеп – 4.383, активни – 357
  • Тетово – 4.875, активни – 693
  • Струга – 2.094, активни – 204
  • Велес – 2.868, активни – 382
  • Битола – 3.113, активни – 376
  • Охрид – 2.564, активни – 399
  • Кавадарци – 2.289, активни – 478
  • Гостивар – 3.455, активни – 424
  • Гевгелија – 1.217, активни – 212 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 208 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица – 2.390, активни – 432
  • Крива Паланка – 676, активни – 102
  • Радовиш – 649, активни – 74
  • Крушево – 174, активни – 23
  • Кочани – 1.656, активни – 164
  • Пробиштип – 462, активни – 31
  • Демир Хисар – 238, активни – 29
  • Македонски Брод – 230, активни – 13
  • Пехчево – 165, активни – 22
  • Берово – 543, активни – 64
  • Валандово – 319, активни – 32
  • Виница – 466, активни – 65
  • Делчево – 683, активни – 204 (187 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово – 201, активни – 14
  • Свети Николе – 1.052, активни – 65
  • Кичево – 1.612, активни – 174
  • Ресен – 669, активни – 114
  • Неготино – 1.084, активни – 244 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 918 теста се преку ИЈЗ – 168, преку ЦЈЗ Скопје – 83, преку „Биотек“ – 94, преку МАНУ – 72, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 208, преку „Систина“ со PCR метода – 243, преку Инфективна клиника – 1 и преку ЈЗУ (рапид тест) – 49. Досега во земјата се направени вкупно 418.130 тестирања на ковид -19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот