Ковид-19 во Кавадарци: Инфицирана вработена во Мал групен дом во Кавадарци

Вработена во Мал групен дом во Кавадарци е позитивна на коронавирус, поради што во изолација се две деца и тројца вработени. Во домот ќе биде извршена комплетна дезинфекција.

Во последните 24 часа се регистрирани нови девет случаи со коронавирус, шест во Кавадарци и три во Неготино. Инфицираните лица се на возраст од 16 до 62 години, дел со симптоми, а дел не. Двајца претходно имале контакт со заболено лице, останатите не знаеле каде се заразиле. Се утврдуваат контактите на заболените со цел нивна изолација.

Во Кавадарци е регистриран и трет случај на починато лице од коронавирус. Станува збор за 56 годишен кавадарчанец кој починал на приватна клиника во Скопје. Ова за МИА го потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот