Ковид-19 во Хрватска: Нови 394 пациенти, починаа 11 лица

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 394 нови случаи на ковид-19, па вкупниот број на активни случаи во земјата сега изнесува 2.893. Меѓу нив има 770 пациенти на болничко лекување од кои 65 се приклучени на респиратор.

Во изминатото деноноќие во земјата починаа 11 лица од последици на коронавирусот.

Првиот случај на ковид-19 во Хрватска беше регистриран на 25 февруари лани и од тогаш се евидентирани 243.458 инфицирани лица од кои починаа 5.548, како оздравени се запишани 235.017.

Во самоизолација моментно се наоѓаат 13.382 лица. Досега се тестирани вкупно 1.354.191 милиони лица, а само во последните 24 часа – 7245.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот