Ковид-19 во Хрватска: Нови 2.179 позитивни случаи и 16 починати пациенти

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во Хрватска, во последните 24 часа, се тестирани примероци на 8.026 лица од кои 2.179 покажале позитивни резултати додека за истиот период се пријавени и 16 починати пациенти, соопшти денеска Националниот штаб.

Досега се евидентирани вкупно 51.495 лица заразени со новиот вирус, од кои 562 починале, а како активни се водат 15.894 случаи.

Оздравени се 35.039 лица од кои 2.221 во последното деноноќие, а 29.338 лица во моментот се наоѓаат во самоизолација. До денеска во Хрватска се тестирани вкупно 502.048 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот