Ковид-19 во Хрватска низ бројки: Рекордни 748 инфицирани во еден ден, вкупно 3.210 активни случаи во моментот

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Рекордни 748 новозаразени од ковид-19 и четири смртни случаи се регистрирани во Хрватска во последните 24 часа. Во моментов во земјата има 3.210 активни случаи од кои 441 пациент е во болница, а 27 од нив се приклучени на респиратор, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Вкупно 21.741 лице во Хрватска е регистрирано како позитивно од почетокот на пандемијата на коронавирус што, пак, беше (ин)директна причина за 334 смртни случаи.

Како излекувани се заведени вкупно 18.197 лица, само во изминатото деноноќие 308 додека во самоизолација моментно се наоѓаат 16.598 граѓани. Властите до денеска спроведоа 372.683 тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот