Ковид-19 во британските затвори: За една година починале 118 затвореници

Фото: Профимедиа

Во британските затвори во изминатата година починаа 118 затвореници од последици на коронавирусот, соопшти тамошното Министерство за правда.

Во дописот се наведува дека станува збор за период од 16 март лани до 28 февруари оваа година, а затворениците починувале во 54 затвори во Англија и во Велс, пренесува „Би-Би-Си“.

Од почетокот на пандемијата, во вкупно 127 британски затвори се регистрирани 14.480 случаи на ковид-19 од кои 106 во казнено-поправни домови за малолетници.

Најтешка била ситуацијата во затворот во Стафордшир, во Западен Мидленд, каде се инфицира 468 затвореници. Критичниот период бил во јануари во оваа година, кога во еден момент имало дури 249 позитивни лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот