Ковид-19 во БиХ: Нови 582 пациенти и дури 63 смртни случаи во изминатите 24 часа

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

На подрачјето на Федерацијата БиХ се регистрирани нови 582 инфицирани лица со ковид-19 од 2.485 тестови додека во изминатите 24 часа починаа 63 пациенти. Новите случаи се забележани во сите кантони на Федерацијата, освен во Кантон 10.

Во изминатото деноноќие во Република Српска се направени 391 тест, а коронавирусот е детектиран кај 129 лица. За последните 24 часа се евидентирани 19 починати лица.

Во дистрикт Брчко има шест нови случаи на заразата, исто толку лица оздравеа од вирусот на кој, во последните 24 часа, му подлегна еден пациент.

Досега во БиХ се направени 489.207 тестови од кои вирусот е потврден кај 94.513 лица. Заклучно со денешниот ден, во БиХ се излекувани 81.189 пациенти.

Како активни во моментот се водат 10.307 случаи, вкупниот број, пак, на починати лица во земјата од почетокот на пандемијата изнесува 3.017.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот