Ковид-19 се шири и во регионот: Словенија пријави 356 позитивни случаи во последните 24 часа

Фото: EPA-EFE/MICOL BRUSAFERRO

Словенија во последните 24 часа бележи рекордни 356 случаи на ковид-19 во земја, што е апсолутен рекорд од почеток на пандемијата во март. Најголемиот број на заразени со вирусот до денеска беше на 1 октомври кога беа пријавени 239 носители на вирусот.

Иако бројот на новозаболени е висок, сепак, за последното деноноќие не е пријавен ниту еден смртен случај. Хоспитализирани се 122 лица од кои 22 се сместени на одделите за интензивна нега.

Премиерот Јанез Јанша изјави дека состојбата е многу сериозна и најави заострување на мерките во борбата против ковид-19.

Досега во Словенија се потврдени 7.120 заболени лица со ковид-19 од што починаа 156 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот