Ковид-19 сè посилно ја притиска Србија: Денеска 5.067 позитивни лица и 38 смртни случаи

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 15.061 лице на ковид-19 од кои 5.067 добиле позитивни резултати додека починаа 38 пациенти, покажуваат последните податоци на Министерството за здравство и на Институтот „Батут“. Според истите извори, моментно во земјата има 216 лица кои се приклучени на респиратор.

Србија на 22 ноември забележа рекорден број на инфекции досега (6.254) на дневно ниво, но затоа тамошните власти вчера пријавија три национални рекорди по категории – бројот на починати  во еден ден (31), моментниот број на пациенти на респиратор (212) и вкупниот број на хоспитализирани (6.214).

– Ситуацијата во последните недели константно се влошува и ако продолжи вака, стравувам дека ќе дојдеме до моментот да запре животот во Србија. Затворањето би имало тешки економски последици, а знаеме дека тие влијаат на здравите луѓе. Затоа СЗО смета дека тоа треба да биде крајна мерка, предупреди Маријан Ивануша, шеф на СЗО во Србија.

Денеска заседаваше и Кризниот штаб за вонредни ситуации на Град Белград и донесе неколку одлуки кои се однесуваат на јавниот превоз. Па така, решено е во сообраќај да се пуштат повеќе автобуси со цел да се намалат турканиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот