Ковид-19: Речиси 700.000 деца се инфицирани во САД од почеток на пандемијата

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Речиси 700.000 деца во САД се заболени со ковид-19 од почетокот на пандемијата, според новиот извештај на Американската академија за педијатрија и Здружението на детски болнички установи. Вкупно 77.073 случаи на деца биле пријавени само во периодот од 24 септември до 8 октомври, што е пораст од 13 отсто во двонеделните случаи, според извештајот.

Децата претставуваат 10,7 отсто од сите заразени, се вели во извештајот.

Вкупната стапка е 927 случаи на 100.000 деца во популацијата. Децата учествуваат со 0,9 отсто до 3,6 отсто од вкупната пријавена хоспитализација и од 0 до 0,23 отсто од сите смртни случаи од ковид-19, се вели во извештајот.

„Ковид-19 во моментот се чини дека е ретка кај децата. Сепак, САД мора да продолжат да обезбедуваат детални извештаи за случаи со ковид-19, тестови, хоспитализации и смртност по возраст и раса/етничка припадност, за да може да бидат документирани и следени ефектите на ковид-19 врз здравјето на децата”, се наведува во документот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот