Ковид-19 повторно го „заклучува“ светот, рекордни бројќи на смртни случаи во Британија и Португалија

Доктори во Грција/ Фото: EPA-EFE/DIMI CHAROUSIS
Фирмите се затворени, а повеќето луѓе денес се повлекоа во своите домови во Португалија, на првиот ден од новото „затворање” на земјата. Сепак родителите сè уште можат да ги носат своите деца на училиште.

Сите несуштински компании мора да останат затворени, со работа од далечина, каде што е можно. Казните за кршење на правилата ќе бидат двојно зголемени. Ограничувањата во движењето ќе бидат ублажени на 24 јануари за гласачите да можат да излезат на гласачките места за претседателските избори.

Португалија денеска соопшти за рекордни 159 смртни случаи од ковид-19, а бројот на новите случаи,10.663, го достигнаа второто највисоко ниво од почетокот на пандемијата.

Поради ширењето на мутираниот коронавирус каталонската Влада ги одложи изборите

Земјата досега пријави вкупно 528 469 случаи и 8543 смртни случаи од Ковид-19. Министерството за здравство следи повеќе од 140.000 активни случаи – повеќе од 1 процент од 10 милиони жители на Португалија.

Во Велика Британија беа потврдени 55.761 нови случаи на зараза со коронавирусот во изминатите 24 часа, што е зголемување во споредба со претходниот ден кога имаше 48.682.

Пријавени се повеќе смртни случаи, 1.280 во споредба со 1.248 вчера.

Според владините податоци, бројот на луѓе кои ја примиле првата доза на вакцина за Ковид-19 се искачи на 3,2 милиони.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот