Ковид-19 низ светот: Починати 1.339.130 милиони луѓе, заразени над 55 милиони, оздравени над 35 милиони

Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во светот досега починаа 1.339.130 милиони луѓе, заразени се 55.614.470 милиони, а излекувани од инфекцијата се 35.645.800 милиони пациенти.
Бројот на заразени не претставува реална слика на пандемијата, бидејќи некои земји тестираат само потешко заболени пациенти, некои користат тестирање за следење на вирусот, додека голем број сиромашни држави имаат ограничени капацитети за тестирање.
Во изминатото деноноќие регистрирани се 10.724 смртни случаи и 590.690 заразени лица во светот.

Најголем број на починати на дневна основа, според новите податоци, се потврдени во САД со 1.313 починати, потоа следува Франција со 1.219 и Италија со 713 смртни случаи.

САД се најтешко погодена земја по бројот на починати и заразени, со 248.707 смртни случаи и 11.360.125 милиони заболени, соопшти Универзитетот „Џон Хопкинс”.

Потоа следуваат Бразил со 166.699 починати и 5.911.758 милиони заразени, Индија со 130.993 починати и 8.912.907 милиони заболени, Мексико со 99.026 смртни и 1.011.153 милиони заразени случаи и Велика Британија со 52.745 починати и 1.410.732 милиони заразени.

Латинска Америка и Карибите до денеска регистрирале 426.839 починати и 12.163.009 милиони заразени, Во Европа се потврдени 348.711 починати и 15.172.363 милиони заболени, САД и Канада 259.777 смртни и 11.664.823 милиони заразени случаи, Азија 183.922 починати и 11.589.648 милиони заразени, Блискиот Исток 70.968 починати и 2.993.803 милиони заразени, Африка со 47.972 починати и 2.000.762 милиони заразени и Океанија има 914 смртни и 30.064 заразени случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот