Ковид-19 не ги менува плановите на Лукашенко: Белорусија е единствена поранешна членка на СССР која одржа воена парада (ВИДЕО)

Илјадници луѓе, меѓу кои и ветерани од Втората светска војна, присуствуваа на воената парада во Белорусија, како дел од Денот на победата над фашизмот и покрај епидемија на коронавирусот, пренесува лондонски Гардијан.

Русија и другите земји ја откажаа воената парада, па Белорусија е единствената членка од поранешна СССР што ја одбележа 75-годишнината од победата над нацистичка Германија со воена парада.

– Во овој луд, дезориентиран свет, многумина ќе не осудат затоа што сега и тука го одбележавме овој свет настан. Не брзајте кон заклучоци, не осудувајте ги потомците на белоруските победници. Не можевме да сториме поинаку. Немавме друг избор. Но, дури и да имавме, ќе го сторивме истото – рече претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Домашните и странските медиуми изразија загриженост за парадата и масовните собири среде епидемијата на коронавирус. Претседателот Лукашенко ја стави епидемијата во втор план уште порано кога се појави на велигденската литургија, но и на некои други јавни настани, и им порача на новинарите дека вирусот не е смртоносен како што се вели.

Белорусија е единствената земја во Европа каде се одржуваат фудбалски натпревари за време на пандемијата на коронавирус, иако досега се регистрирани 21.101 случај на заболени од Ковид-19 и 121 смртоносен случај како последица од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот