Ковид-19: Јапонија почна истражување за вакцинираните луѓе
Јапонија планира да собере податоци од луѓе кои се заразуваат со новиот коронавирус, дури и по вакцинирањето, за да процени како вакцините можат да помогнат да се спречи ширењето на вирусот, јавија јапонски медиуми.
Вакцинациите се очекува да започнат во Јапонија во февруари.
Министерството за здравство ќе воспостави систем за собирање евиденција за вакцинација на сите заразени лица, а од лекарите се бара да обезбедат информации до центрите за јавно здравје кога ќе потврдат инфекции со коронавирусот.
Истото важи и за други големи заразни болести како што се рубеола и сипаници, кои исто така имаат информации за вакцинација.
Со новиот систем, властите ќе ги знаат податоците за имунизација на пациентите со коронавирус, како што се – со кои вакцини биле вакцинирани и дали примиле единечна или двојна доза.
Со добивање информации како што се процентот на вакцинирани лица меѓу пациентите со коронавирус и напредокот на нивните симптоми, Министерството за здравство, труд и социјална работа очекува да ја процени ефекасноста на вакцината и влијанието на вакцинацијата врз ширењето на епидемијата во земјата.
Извор.МИА