Ковид-19 ја притиска Албанија: Нови 645 инфекции и 18 смртни случаи

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија информира дека продолжува трендот на голем број на заразени, починати, но и на оздравени од ковид-19.

– Во последното деноноќие, процентот на лицата со дијагносициран ковид-19 останува непромент, односно 30 отсто од тестираните. Направени се 2.201 тестови при што позитивен резултат е добиен кај 645 лица. Битката со вирусот ја добија 403 или вкупно 17.755 од вкупно заразените 36.245 лица, информираа од министерството.

Се додава дека во исто време, починале 18 лица или вкупно 771 до сега. Меѓу починатите и познатата албанска академска сликарка Лумтурие Блоши (76) која била заразена пред три недели. Блоши ја споредуваа со истакнатата мексиканска сликарка, Фрида Кало.

Како активни случаи во моментот се водат 17.719 лица од кои во трите ковид болници се хоспиталзирани 463, од нив пак 33 се наоѓаат во тешка состојба.

Наспроти тврдењето на надлежните дека има доволно болнички легла, медиумите јавуваат за преполнети болнички капацитети.

Телевизијата „Њуз 24“ објави снимки на кои се гледа како најмалку десетина амбулантни возила се во дворот на ковид 2 болницата, а во нив има болни во потешка форма на кои на лице место им се дава лекарска услуга до ослободување на болнички кревет. На снимката се гледаат и амбулантни возила надвор од болничкиот двор кои чекаат да се ослободи место за да влезат.

Министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, вчера тврдеше дека има слободни болнички кревети и упати апел до граѓаните со потешка форма на болеста, да не доцнат, туку веднаш да се јават во ковид болниците.

Поради влошената епидемиолошка состојба во земјата, од први декември наставата во основните и во средните училишта ќе се одвива комбинирано, онлајн и со физичко присуство на учениците, а не како до сега само со физичко присуство. Учениците од прво до петто одделение во основните училишта, како и матурантите ќе следат настава со физичко присуство, додека останатите онлајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот