КОВИД – 19 го менува светот што го познававме до сега

Коронавирусот целосно ќе го промени начинот на кој до сега функциониравме, патувавме и комунициравме. Човекот повеќе не е во фокусот. Дигитализацијата ја презема водечката позиција.

Вирусот КОВИД – 19 го потресе светот, јавното здравје, животот на луѓето, начинот на работа. Од друга страна пак експертите велат дека ваквиот променет начин би можел да биде „отскочна даска“ за новите начини на водење бизнис и новите бизнис модели, бизнис култура и дигитална трансформација.

Времето покажа дека луѓето се отпорни на промени. На почетокот се ни делува одбивно и непознато, но фактите покажуваат дека брзо се прилагодуваме на новите трендови. Голем број компании веќе се соочуваат со предизвиците поврзани со дигитализацијата, пред се бидејќи сакаат да се вклучат во актуелните светски начини на работење, а некои доколку сакаат да останат ќе бидат и приморани да го сторат тоа.

Дигитализацијата, иако звучи моќно и иновативно, не е резервирана само за „топ менаџментите“. Низ неа ќе мора да поминат и средните и малите претпријатија како и нивните раководства. Ниту потрошувачите до сега не беа особено „дигитално писмени“, иако новите модели можеби им гарантираат и повеќе комфор од конвенционалниот начин.

Едноставно, иако отпорни на промени, луѓето како да очекуваат тие да се случат.

Дигитална реалност

Дигитализацијата најпрво навлезе во банкарскиот и финансискиот сектор, особено кога зборуваме за дигиталните пари во реално време, банкоматите, интернет трансакциите, дигиталната комуникација со клиентите, чувањето податоци и слично. Останати индустрии кои го следеа патот на дигитализацијата се синџирите за снабдување, осигурителните компании, авто – компаниитетуристичкиот сектор, стоката за широка потрошувачка, авто – индустријата, малопродажбата. Иако во глобалното тргување се имплементираат се повеќе иновации, концептот „целосна дигитална реалност“ се уште ни делува далечно.

Сега поради корона вирусот, сите општества се приморани да ја усвојат дигитализацијата и бесконтактното плаќање, без разлика дали станува збор за поединци и компании, или Влади на држави и трговија. Покрај физичкиот контакт кој е неопходен во транспортот на производи меѓу две точки, сите останати работни процеси ќе бидат дигитализирани и ќе ги исклучуваат човечките контакти.

Што се однесува до транспортот, некои производи може да бидат доставувани и со употреба на дронови и роботи. Кога зборуваме за големи машини, за бесконтактни механизми се подразбираат големите транспортери.

Според проценките на експертите трговијата меѓу земјите ќе почне „да цвета“ во оној момент кога ќе бидат исполнети сите предуслови за дигитализација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот