Ковид-19 ги „секна“ средствата за регрес за 27.000 буџетари

Фото: Janusz Pieńkowski / Alamy / Alamy / Profimedia

Синдикатот на вработените од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), не се откажува од правото на регрес за годишен одмор за 2020 година. Од УПОЗ се револтирани поради непочитувањето на член 21 од Гранскиот колективен договор, според кој, Владата, била должна на 27.000 нивни челнови да им го исплати регресот до крајот на минатата година.

Бидејќи не биле направени никакви измени на ГКД и со тоа правото за исплата не е изгубено, од УПОЗ за „Слободен печат“, велат дека ќе ги искористат сите правни лекови.

Синдикалците и натаму ќе се залагаат Владата да го почитува КД и да го исплати регресот, а со тоа и да не се прават дополнителни трошоци на Буџетот на државата преку трошоците од евентуалните судски постапки. Од Владата одбиваат да ја платат сумата, наведувајќи различни причини, но главната е дека Буџетот не може да се справи со износот поради здравствената и финансиската криза од ковид 19.

– Ова право застарува за три години, период во кој секој вработен може да го оствари по судски пат. Бидејќи, до 31 декември 2020 година, Владата не ја исполни обврската, се обративме до Европската федерација на синдикатите до јавниот сектор (ЕПСУ). Во писмото кое ЕПСУ деновиве го испрати до Владата децидно ја повикува на почитување на Гранскиот колективен договор и исплата на регресот за годишен одмор – вели Пеце Груевски, претседател на Синдикатот на УПОЗ за „Слободен печат“.

Од 1 февруари сите админстративци да се вратат на работа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот