Ковид-19: Германија останува во „локдаун“ до 14 февруари

Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на германските покраини се согласија да ги продолжат ограничувачките мерки наметнати поради ковид-19 за повеќето продавници и училишта до 14 февруари, јави агенцијата ДПА.

– Сега е време да се преземат мерки на претпазливост против заканата што ја носи коронавирусот, изјави Меркел по состанокот со премиерите на 16-те германски провинции.

Бројот на нови случаи на инфекција со коронавирусот во Германија се намалува во изминатите денови, но вирусолозите предупредуваат дека е можно ширење на позаразни варијанти на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот