Ковид-19 „галопира“ во Русија: За првпат над 25.000 случаи на дневно ниво

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Во Русија, во последните 24 часа се потврдени над 25.000 случаи на коронавирус, што е рекорд на дневно ниво, објави денеска Центарот за борба против коронавирусот.

Потврдени се 25.173 случаи, со што вкупниот број достигна 2.114.502 милиони лица, пренесува агенцијата ТАСС.

Во истиот период, 361 пациент починал како резултат на ковид-19 или вкупно 36.540 од почетокот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот