Ковид-19 галопира во Хрватска: Нови 819 случаи и девет починати пациенти во последните 24 часа

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во Хрватска во последните 24 часа се пријавени нови 819 случаи на ковид-19, починаа осум пациенти, а 491 се заведени како оздравени, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Во земјата во моментот има 5.164 активни случаи, 548 лица се хоспитализирани од кои 32 се приклучени на респиратор.

Од 25 февруари и првиот случај на коронавирус во Хрватска, досега се регистрирани 25.580 позитивни лица од кои 363 ја загубија битката со вирусот. Вкупно се оздравени 20.053 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот