Ковид-19: Бугарија за 24 часа изброја 100 смртни случаи и 3.816 нови пациенти

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени 3.816 новозаболени со ковид-19 врз основа на 8.826 тестирани лица.

Во изминатото деноноќие се регистрирани и 106 смртни случаи. Тоа е првпат од почетокот на епидемија во Бугарија да има над сто починати луѓе како последици од новиот коронавириус.

Од почетокот на епидемијата во земјата регистрирани се 78.976 заболени лица, починаа 1.771 пациент, а како активни се водат 51.922 случаја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот