Ковид-19 биланс во Србија за изминатото деноноќие: Починаа 23 лица, 1.881 нов случај

Во Србија во последните 24 часа, според официјални податоци, починаа 23 пациенти како последица на коронавирусот со кои вкупниот број на смртни случаи во земјата од почеток на пандемијата се искачи на 3.687.

Од последниот пресек, ковид тест е направен на 11.725 лица од кои 1.881 добиле позитивни резултати, пренесува Н1.

На респиратори во болниците и ковид-центрите ширум земјата се приклучени 195 пациенти, а хоспитализирани се вкупно 5.462 лица.

Србија од почетокот на пандемијата пријави 368.072 случаи на ковид-19. Процентот на смртност во земјата е еден отсто. До денеска во 15 часот, како што објави тамошното Министерство за здравство, се тестирани 2.448.761 милиони лица кои ги исполнуваа критериумите за дефиниција на ковид случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот