КОВИД-19 амбуланта: Во склоп на КОВИД-19 тест центарот можете да добиете и преглед од лекар

Со цел да излезе во пресрет на што поголем број на засегнати граѓани кои се позитивни на коронавирус, Клиника „Жан Митрев“ креираше можност и за преглед од лекар по претходно закажан термин.

Амбулантата во склоп на COVID-19 тест центарот во Клиника „Жан Митрев“ работи од понеделник до петок од 8 до 20 часот, а за време на викендите од 8 до 14 часот.

Тука, освен тестовите за утврдување на присуство на COVID-19, можете да направите и комплетна лабораторија, или рендген на белите дробови со што се добива целосна и реална слика за здравствената состоба.

Сите оние пак, кои имаат потреба од дополнителни појаснувања, одговори и препораки поврзани со нивните COVID-19 резултати и состојба, можат да ја одберат услугата: преглед за пациент со ковид и да закажат во нашиот контакт центар на 02/3091-484 и да дојдат на закажаниот термин.

Оние кои не сакаат да ја напуштаат удобноста на својот дом можат да закажат консултација која ќе се одвива виртуелно.

Од Клиника „Жан Митрев“ веруваат дека брзата и навремена дијагностика и понатаму ќе биде есенцијална алатка во правилното справување со кризата.

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот