Ковакс: Испорака на 1,8 милијарди вакцини за 92 земји во текот на годинава

Фото: EPA-EFE/MORRY GASH / POOL

Системот за дистрибуција на вакцини Ковакс планира да испорача 1,8 милијарди дози во посиромашните земји оваа година и очекува побогатите земји да ги исполнат своите обврски во втората половина на годината.

„Нашите предвидувања укажуваат дека треба да ги исполниме условите за вакцини поставени од самофинансирачки членови на системот во втората половина на 2021 година”, објавија од Алијансата за вакцини ГАВИ во име на Ковакс.

Ковакс, што е дизајниран да им овозможи на сите еднаков пристап до вакцините против Ковид-19, а кој заеднички го водат Алијансата за вакцини ГАВИ, Светската здравствена организација и други, објави дека 1,8 милијарди дози ќе бидат доставени до 92 земји кои исполнуваат условите и дека ова би одговарало на приближно 27 проценти од населението во тие држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот