Ковачки: Во борбата со корупцијата да почнеме со милионскиот криминал во Министерството за здравство, направен додека министер беше Османи

Драган Ковачки
Драган Ковачки / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Да. Добро е што тоа го препознале. Еве и дополна, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Драган Ковачки во својата фејсбук објава, откако денеска Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека наредните години се години на расчистување конечно со корупцијата на сите можни нивоа.

„Во таа борба со корупцијата ќе почнеме со решавање на милионскиот криминал направен во министерството за здравство додека министер бил Бујар Османи и со продажбата на земјиште во строг центар на Скопје по цена од 400 денари за квадрат, во надлежност на министерство на финансии, а за потребите на ДУИ“, објави Ковачки.

Инаку денеска Министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, рече дека наредните години, ќе бидат години на антикорупциска политка.

„Тоа што го создадовме во делот на мултиетничката демократија, како култура на односи, на дијалог, на решавање на конфликти и прашања, создадовме сериозен модел на оваа држава во регионот. Уште ни треба да имаме сериозна демократија и сериозни институции во борбата против корупцијата и ние ќе бидеме така што треба да бидеме, како што очекуваат нашите пријатели и како што очекуваат нашите граѓани“, рече Османи.

Османи: Да се здружиме и во наредните години да кажеме стоп на корупцијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот