Ковачки ја нападна Шекеринска со нова канонада обвинувања: Од кинеските вакцини до купувањето на куќа

Откако утрово министерката за одбрана Радмила Шекеринска нагласи дека полковникот Драган Ковачки поради заканите до началникот на Генералштабот поминал само со опомена и парична казна и му порача да престане да биде партиски војник туку да си ја врши армиската служба, тој се јави преку Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

-Шекеринска повторно манипулира и објавува детали од интерни армиски постапки за кои цело време предупредувам. Прво, престанете да манипулирате и кажете и’ на јавноста дека Комисија предводена од генерал не најде докази за тоа за што ме обвинувате, а Вашата комисија во која нема ниеден генерал туку има и лица помлади по чин од мене, Ви достави нарачан предлог. Па од авион се гледа Вашиот притисок врз Вашата комисија. Институцијата не Ви е партиска играчка да се пресметувате со мене затоа што не мислам како Вас. Второ, должите да одговорите: Зошто и после година дена се’ уште на вашиот фејсбук профил стои доверлива класифицираната мапа од зона на одговорност на армиска единица? Трето, дефокусирате од вистинските проблеми: – Која е улогата на министерот за одбрана во набавките на кинеските вакцини од ФАНТОМ фирмата во Хонг Конг? – Како може со чиновничка плата да се купи куќа вредна баснословна сума, а за багателна цена? Еве ја повикувам јавноста и истражувачките новинари да се заинтересирааат за случајот и да го истражат. Последно, не е учтиво од уста на дама на толку висока политичка и партиска функција да напаѓате на личност со неумесен речник и да ме наречете плачко и лажго. Нема да се симнам на тоа ниво, но во интерес и добробит на општеството, на сите родители би им советувал такви фрази да избегнуваат пред своите деца, одговара полковникот Драган Ковачки.

Шеќеринска за Ковачки: Да реагирав на Твитер ќе кажев „ем лажго, ем плачко“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот