Ковачевски задржал дел министри и во новата влада оти добро работеле

Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Мандатарот Димитар Ковачевски по врачувањето на програмата и составот на новата влада на претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека во новата владина програма се вградени програмските определби на новиот владин партнер Алтернатива, како и програмските цели за справување со енергетската криза, задржување на животниот стандард на граѓаните и на компаниите и исполнување на целите за големите инфраструктурни проекти.  Тој рече дека новиот владин состав ќе го сочинуваат министри од СДСМ, ДУИ, ЛДП и од Алтернатива согласно преземените одговорности и програмата на владата.

На новинарско прашање зошто задржал дел министри и не предложил целосно нов состав на владата, Ковачевски вели дека кога станува збор за министрите од СДСМ веќе кажал дека ќе се воаи од принципите на исполнување на обврските, капацитетот на личноста и од перформансите за водење на одредени ресори и затоа има нови министри, ротации на министри кои се покажале како ефикасни во водење на одреден ресор и во друг случај кога одреден министер според неговите професионални перформанси одговара повеќе во друг ресор.

-За решенијата дел министри да останат во одредени ресори, од направените анализи се гледа зголемување на перформанси во министерствата каде што управувале, ги подигнале стандардите на работење и ги имаат реализирано делот на оперативните и делот на капиталните инвестиции на високо ниво – рече Ковачевски.

Според мандатарот, дел министри не се вклучени во актуелниот состав не дека тој не бил задоволен од нивната работа, туку дека тие по оставката на Зоран Заев од премиерската функција самите поднеле оставка и не се гледале во новиот владин тим.

-Тие беа целосно растеретени од учеството во новата влада. Јас за нив сметам дека добро ги извршувале своите задачи. Дел министри одлучија својата кариера да ја насочат во дрига насока – вели Ковачевски.

Тој рече дека се предложени четири министри без ресор, односно дека се воведува само едно ново министерство без ресор задолжено за дијаспората.

ВИДЕО: СДСМ едногласно ги потврди новите министри, Ковачевски вели дека избрал докажани луѓе

Видео на денот