Ковачевски забранил да се купуваат морски плодови, парите за бадеми и лешници ќе одат за најзагрозените граѓани

морска храна
фото; pexels

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната вонредна прес-конференција посветена на мерките за справување со енергетската криза, беше прашан и за потрошените 20.000 евра за морски плодови.

Тој рече дека се работи за рамковен договор, во кој влегуваат и кабинетот на претседателот на државата и кабинетот на претседателот на Собранието.

„Тоа е рамковен договор, каде што ако некој од сите корисници нарача, тој треба да го плати. Но, тоа се пари од граѓаните. Јас одлучив дека ќе има забрана во бифеата за користење на морска храна и на бадеми и лешници, и тие пари ќе бидат насочени за финансиска помош директно за најранливите категории граѓани“, рече премиерот.

Инфлацијата јаде луѓе, Владата октоподи

Видео на денот