Ковачевски за цената на струјата: Како и досега, нема да дозволиме ценовен шок за граѓаните

Во моментов се прават калкулации за евентуалната цена на електрична енергија од 1 јануари, но Владата нема да дозволи да има ценовен шок за граѓаните, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Она што во моментов се прави е калкулациите и дискусиите на релација на задолжените министерства и задолжените претпријатија во државата во поглед на определувањето на цената на електрична енергија за идното полугодие почнувајќи од 1 јануари. Клучно е, повеќе елементи има во цената на електричната енергија бидејќи ЕСМ не произведува електрична енергија само за ЕВН Хоум, туку тоа произведува електрична енергија и за загубите во мрежа и исто така за делот којшто е потребен и за дистрибуција, што значи дека не може да се каже дали една цена ќе биде 48 евра, туку се работи за три ценовни категории коишто влијаат на финалната цена која што ја добиваат купувачите, рече Ковачевски.

„Можам да потврдам дека Владата нема да дозволи да има ценовен шок за граѓаните“, истакна премиерот.

-За сите граѓани како што не дозволивме и досега, и исто така ќе се потрудиме да се определи цена на електрична енергија со зголемено производство на електрична енергија бидејќи на тој начин може да се намали цената која што ќе овозможи и релаксирање на регулираниот пазар во делот на малите потрошувачи каде има 72 илјади компании кои вработуваат 98 проценти на вработени во државата, рече Ковачевски.

Премиерот рече дека не може да ја знае финалната цена на струјата, но дека ќе нема ценовен шок за граѓаните. Според него, цената зависи прво од одлуката на РКЕ која решава независно, додека цената по којашто ЕСМ ја произведува струјата зависи од трошоците на производство, како и од економијата на обем која ја постигнува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот