Ковачевски: Во рок од седум дена ќе подготвам програма и ќе се кандидирам за претседател на СДСМ

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Во рокот од седум дена ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати, изјави Димитар Ковачевски за „Фокус“.

Според него постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател, дополнува тој.

Вчера Централниот одбор на СДСМ одлучи утре да ги распише внатрепартиските избори за избор на претседател, кои ќе се одржат на 12 декември. Изборите за прв човек во партијата се одржуваат со непосредно гласање.

Ковачевски е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите. Тој е доктор на економски науки и вонреден професор на „Американ колеџ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот