Ковачевски: Владата ќе ги достави документите за коридорите 8 и 10д, но за овие проекти се запазени сите процедури

Фото: Влада на РСМ

Надзорниот орган кој ќе врши надзор врз најголемиот проект во историјата на државата, изградба на коридорите 8 и 10д е избран низ постапка во која се запазени сите законски процедури од страна на сите институции, кои што биле задолжени и биле предводени од ЈПДП.

Ова е одговорот на премиерот Димитар Ковачевски на прашање дали сè уште мисли дека надзорот е избран соласно законот, со оглед на тоа што Јавното обвинителство веќе има отворено предмет за овој случај.

Тој посочи дека изведувачот на коридорите „Бехтел и Eнка“ е избран со посебен закон во Собранието подржан од сите пратеници и закон потврден од Уставниот суд.

Во таа постапка учествувале три компании. Има една која е избрана врз основа на одредбите од тендерот, спроведена е управна постапка и сите податоци се јавно достапни преку Бирото за јавни набавки, додаде премиерот.

„Со оглед на тоа дека се појавија информации доминантно од опозицијата, но имаше и други информации, јас и тогаш кажав и сега кажувам дека сите институции во државата кои што имаат надлежност треба да го проверат целиот овој проект, што значи дека кажав и Јавното обвинителство да постапи за да се испитаат сите наводи, како и Анткорупциска комисија за да се испитаат наводите и кажав дека сите документи и одлуки кои биле во надлежносат на Владата во изминативе месеци и години додека се подготвувал овој проект ќе бидат доставени до Антикорупциска комисија. Со оглед на тоа дека еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ вчера кажа дека биле барани некакви средства од секаде, а тој тоа го кажа во еден реторичен занес во Собранието, јас додадов уште нешто и ги повикав и владите на САД и Турција да кажат дали некој од нив или од некоја нивна компанија од оваа држава нешто барала во текот на изминативе 2 години додека се подготвувал овој проект„, рече Ковачевски.

Се работи за проект кој ќе обезбеди конечно за прв пат инфраструктурно поврзување на коридорот 8 кој е ставен во мапата на паневропските коридори.Коридорите 8 и 10 се приоритетни, додека патниот правец Тетово – Призрен е проект за во иднина од кој Владата нема да се откаже.

„Потпишан е меморандум со косовската Влада за патoт Тетово-Призрен, ние имаме разговарано на ниво на министри и на ескперти за оваа патна инфраструктура, но од друга страна имаме приоритетни проекти како коридорот 8 за до албанската граница, исто така втор приоритет е инфраструктурниот проект од Куманово до бугарската граница и делницата помеѓу Прилеп и Битола. Еден од патните правци е и Тетово – Призрен, но во моментов приоритетот за нас и буџетот се наменети за овие патни правци, но тоа не значи дека нема да продолжиме да разговраме со Владата на Косово. Сепак треба да се направи и физибилити студија за да се види и економската исплатливот на тој пат, рече премирот Димитар Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот