Ковачевски: Со 49,7 милиони евра од ТАВ програмата реализираме инфраструктурни проекти за потребите на граѓаните

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби ја посетија Општина Сарај, по повод реконструкцијата на патот Буковиќ-Раовиќ, еден од 94-те инфраструктурни проекти од ТАВ програмата во износ од 49,7 милиони евра. Патот Буковиќ-Раовиќ е во завршна фаза на реализација, долг е шест километри и ги поврзува двете села. Износот на инвестицијата е 748 илјади евра.

-Премиерот Ковачевски и првиот вицепремиер Груби, заедно со раководството на компанијата „ТАВ Македонија”, со локалната самоуправа, изведувачите, како и со граѓаните на општината ја истакнаа важноста од реализацијата на инфраструктурните проекти кои го олеснуваат секојдневниот живот во населените места, информира владината прес-служба.

-Инфраструктурните проекти за општините се од големо значење, затоа Владата во соработка со ТАВ реализира инфраструктурни проекти низ целата држава, во сите плански региони. Вкупна вредност за сите 94 инфраструктурни проекти изнесува 49,7 милиони евра. Голем дел од проектите се завршени, дел се во завршна фаза и треба да бидат реализирани оваа година, а крајниот рок за завршување на сите проекти е 2023 година, изјави премиерот Ковачевски.

Тој дополни дека тоа се реални проекти за секојдневните, реални потреби за граѓаните. Се поврзуваат, посочи, населените места, секој да има квалитетно и континуирано водоснабудување, се уредуваат речни корита, канализациони мрежи, училишни згради, младински центри, домови за стари лица, културни центри, партерно се уредуваат градски и општински средини за граѓаните да добијат поквалитетен живот во местата каде живеат.

-Ваков обем на проекти, кои се за вистински потреби на граѓаните и кои се изведуваат во ист момент, досега не се случиле. За важноста на овие проекти, зборува и поддршката и нивната промоцијата од страна на сите градоначалници. Сите граѓани имаат правото на квалитетен живот и Владата е посветена да го поправи, она што со децении не е направено. Инвестираме во она што им е потребно на граѓаните. Со овие проекти се инвестира во комуналната инфраструктура во улици и патишта, водоснабдување, се градат мостови, се поврзуваат населени места, изјави Ковачевски и додаде дека од само 5 позначајни проекти, вклучувајќи ја и ТАВ програмата, Владата поддржа инвестиции од над 250 милиони евра во општините, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот