Ковачевски се сретна и со Борисов: Да се искористи покренатиот процес за да се врати довербата

Фото: Влада на РСМ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, покрај програмата за неговата официјална посета на Република Бугарија одржа уште неколку активности, меѓу кои и средбата со Бојко Борисов и раководството на партијата ГЕРБ.

Ковачевски на средбата нагласил дека Владата на Северна Македонија е подготвена за видливи и мерливи резултати од реалниот интерес на граѓаните кои се фокусираат на враќање на довербата меѓу двата народи за да се реафирмираат пријателските односи и да се поттикне политичкиот дијалог за решавање на чувствителните прашања што се отворија меѓу двете земји.

За таа цел на денешната заедничка седница, истакнал премиерот Ковачевски на средбата со Борисов, се формирани работните групи за повеќе одделни области кои утврдија акциски планови за најважните приоритети, како на пример Коридорот 8.

Претседателот на Владата Ковачевски на средбата со претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов истакнал дека очекува оваа партија, иако сега во опозиција, да продолжи со политиките за поддршка на Северна Македонија во нејзините аспирации за членство во ЕУ.

Претседателот на ГЕРБ Борисов потенцирал дека треба да се искористи покренатиот процес за надминување на разликите за да се врати довербата како придонес кон европските интеграции на Северна Македонија.

Видео на денот