Ковачевски се слушнал со Шолет од Стејт департментот, му кажал дека се води „широка консултација“ за францускиот предлог

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва телефонски разговарал со советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет, во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, соопшти Владата.

Ковачевски, според соопштението, „изразил огромна благодарност до Стејт департментот и кажал дека високо ги цени поддршката и интересот за нашата земја во овие клучни моменти за државата“.

„Ковачевски го информираше советникот Шолет за процесот на широка консултација со сите чинители во општеството кој Владата најодговорно го почна веднаш по добивањето на европскиот предлог. Премиерот во разговорот уште еднаш ги потврди и посочи на јасните определби на Владата кои се темелат на демократските вредности и припадноста кон прогресивниот свет кои за нас, како што рече, немаат алтернатива, бидејќи тоа е единствениот пат кој води кон напредок и просперитет“, се вели во соопштението на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот