Ковачевски се надева дека Алтернатива ќе остане владин партнер

Гаши-Ковачевски
Фото: МИА

Разговорите кои се водата со Алијанса за Албанците имаат добар прогрес во делот на програмски определби и во делот на кадровското екипирање, изјави премиерот Димитар Ковачевски и изрази надеж на позитивен исход на разговорите и со владиниот партнер Африм Гаши за окрупнување на владиното мнозинство.

„Алтернатива е значаен партнер на Владата. Имам исклучително високо мислење за сите коалициски партнери. Денеска и утре ќе разговарам со Алтернатива, со Гаши со неговите колеги и се надевам на позитивен исход од разговорите за да може сите заедно да продолжиме кон градење на коалиција која се залага за европска Македонија“, рече Ковачевски на новинарско прашање што ќе му понуди на Гаши за да остане во Владата.

На прашањето кој е договорот за УЈП и за Царина во преговорите со Алијанса, Ковачевски негира дека имало проблем при распределбата на институциите.

„Генерално немало проблем за институциите, бидејќи се разговара за преземање на одговорност со којшто располага било кој коалициски партнер, но и врз основа на преземање на одговорност во делот на учеството во владиното мнозинство. Разговорите се водат во добар дух насочен кон постигнување на договор“, рече премиерот.

На прашањето дали ресорот правда ќе биде раководен од Алијанса за Албанците, Ковачевски го испофали министерот за правда Никола Тупанчевски, но не прецизира што е договорено со АА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот