Ковачевски ручаше со студентите во „Гоце Делчев“, им вети дека нема да бидат оставени сами

Фото: Скриншот/Фејсбук

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги посети студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ и, при посетата, тој ручаше заедно со нив.

Ковачевски објави видео на својата фејсбук-страница, со кое порача дека студентите се „иднината на државата и нема да бидат оставени сами“.

„Студентите се иднината на оваа држава. Тие секогаш ќе имаат право да го искажат своето мислење, да бидат дел од процесот и да учествуваат во носењето на одлуките кои ги засегаат нив. Ние сме тука да ги слушнеме нивните ставови, да разговараме со нив и да носиме заеднички политики за подобрување на нивниот стандард“, стои во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот