Ковачевски: Роковите продолжени за граѓаните и фирмите реално да можат да ги искористат мерките

Фирмите и самостојните вршители на дејност за мерката за помош за исплата на плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава, објави заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил.

Во објавата додава дека за финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани од 6.000 денари од четвртиот пакет мерки, за оние кои не успееја да ја ползуваат мерката, ќе се даде дополнителен рок до 31 мај за ажурирање на податоците за да можат истата да ја искористат.

-Роковите се продолжени преку амандмани усвоени денес на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието, со цел за да граѓаните и фирмите имаат реални рокови за да ги искористат мерките. Очекуваме Собранието наскоро да ги донесе законите поврзани со економско-социјалните мерки, кои ќе им помогнат на граѓаните и фирмите за полесно надминување на последиците од ковид-кризата, наведува Ковачевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот