Ковачевски: Пратеник вчера снимаше пратеничка во деколтето, не знам што ќе прави со снимката

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на седницата за пратенички прашања посочи дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој не го именуваше, вчера ја снимал пратеничката Снежана Калеска – Ванчева на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Тој посочи дека не знае пратеникот што ќе прави со снимката

Свесен е народот за деструкцијата која произлегува единствено во опозицијата. Само снимките ако се погледнат од вчерашниот ден, на кои претседателката на Законодавно-правната комисија од пратеник кој во моментов ми се смее со мобилен телефон ја снима на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Не знам што ќе и прави на таа снимка“, кажа Ковачевски.

На седницата на Законодавно-правната комисија на која претседател е Снежана Калеска – Ванчева вчера се случувал вистински хаос. Препукувања, тропање и дерење имало до полноќ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот