Ковачевски потврди дека најважното е усогласено со АА: Не разговаравме за кадровски решенија

Димитар Ковачевски, фото: МИА

„Основните претпоставки на ова владино мнозинство се на линија на тоа што Алијанса за Албанци го застапува, а тоа е стратешкото партнерство со САД, продолжување на патот кон евроинтеграции, носење на сите реформски закони и на сите одлуки потребни за продолжување на патот кон ЕУ“, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски пред седницата на Извршниот одбор на СДСМ, во одговор на прашањето околу денешната средба со лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и можностите за приклучување на оваа партија во владејчката коалиција.

Премиерот напомена дека во најголем процент се усогласиле со АА, а во делот на сите други аспекти за можна соработка, разговорите ке продолжат.

-На состанокот со Алијанса за Албанците разговаравме најпрвин за текот на скрининг-процесот кој државата го има со ЕУ, за претседавањето со ОБСЕ, за стратешкиот дијалог кој го водиме со САД и акциониот план кој се подготвува од Влада и зборувавме за можното проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците. Не разговаравме за кадровски решенија, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во текот на наредните денови ќе имаат состаноци и со Алтернатива.

Инаку, на денешната редовна седница на Извршниот одбор, како што рече премиерот, ќе разговараат за актуелните состојби во државата, но и тој ќе ги информира членовите на Ивзшрниот одбор околу денешниот состанок со лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Алијанса за Албанците сè поблиску до „Илинденска“: Програмите усогласени, се договараат министерските фотелји

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот